речник контакт

Кој ќе ни пее за Нова година во Велес?

Иако има повеќе од месец дена, ТРМР ви најавува кој на плоштад ќе ги забавува велешани

Петар Печков

Неофицијално, но со голема веројатност за Нова Година во Велес ќе пеат Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Коктел бенд од Велес и еден блех – дувачки оркестар, кој засега се бара. Местото на случувањето е паркингот и просторот пред Судот.

Фештата би започнала во 22 часот. За се да изгледа како што е предвидено, организацијата  е препуштена на Кире Василевски, директорот на Сателитскиот канал на МРТВ.

Во Велес две години немаше организиран пречек на Нова година. По реакциите на јавноста градоначалникот Петров попушти и 2012 ќе се чека на плоштад, како и во повеќето европски градови. Тој сметаше дека не е во ред да се трошат пари за така мал интерес од граѓаните.

Пролетва градоначалникот најави дека ако се најде спонзор, организиран дочек ќе има.   Последен пат во Велес организиран дочекот  имаше за Новата  2009-та година, тогаш во Младински парк пееше Есма Реџепова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »